-->

Реинкарнација: Конечно страшно реален доказ?

Еве нешто што за некоја година сигурно ќе го гледаме и во Холивуд. Запознајте го Џејмс Лајнингер. Тој има 11 години, и во минатиот живот бил пилот кој загинал во Втората светска војна.

Џејмс е 11-годишно момче од Лафајет, Луизијана, и тврди дека во минатиот живот се викал Џејмс Хјустон и бил пилот во американската воена авијација. Едниот од подобрите докази дека реинкарнацијата е можна се сеќава на речиси се од минатиот живот, од деталите од раното детство, така и до моментот кога загинал во морето, откако јапонската војска го срушила неговиот авион во близина на Иво Џима на 3-ти март 1945 година.

Еве како гласи приказната од самиот почеток, приказна која никој досега не се осуди да ја нарече измама, бидејќи во неа има многу и претешко објасниви детали кои и најголемите скептици ги оставија со прашалник над главата.

Веднаш по „излегувањето од пелени“, Џејмс Лајнингер го покажува својот интерес и фацинација за авионите. На само 18 години покажал дека ги познава старите воени авиони до детаљ, особено легендарниот F4U Corsair, типот на ловец во кој погинал и Хјустон.

На две-годишна возраст малиот започнал да пати од страшни ноќни мори, а набргу се покажало дека секоја ноќ одново ја преживува „својата“ смрт.



На своите родители тогаш за прв пат им објаснил дека некогаш се викал Џејмс Хјустон, дека служел на помошниот носач за авиони Natoma, дека јапонската војска го срушила неговиот авион откако бил погоден во моторот, и дека животот му завршил во морето.

Неговиот татко Брус, на почетокот скептичен према реинкарнацијата, се впуштил во мало истражување, па го однел малиот Џејмс да се запознае со останатите преживеани војници кои служеле на тој брод. Во најмала рака речено, таткото останал - без зборови!

Откако малиот Џејмс ги здогледал „своите“ стари другари од војничките денови, тие кои ги знаел ги поздравил со нивните имиња.Шокантните откритија не застануваат тука. Родителите на момчето во обид да добијат уште поголема верификација на приказната на Џејмс, го водат кај Ен Берон - сестрата на Џејмс Хјустон, погинатиот пилот. Старата Ен набргу заклучува дека момчето е навистина нејзиниот покоен брат.

„Ова дете ми раскажа толку многу детали од нашето детство така што немав избор освен да заклучам дека тој е навистина мојот брат. На пример, се сети на нашите портрети кои ги црташе нашата мајка, а за тие слики баш никој на светот освен нас не знаеше“, изјави меѓу другото госпоѓа Барон.

Приказната за ова момче неодамна е објавена и во книгата „Sole Survivor“, а како што изгледа, наскоро ќе добие и филмска верзија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com