Актерот, режисер и продуцент Џон Малкович на фестивалот во Карлови Вари ќе добие награда за животно дело за особениот придонес кон филмската уметност.Фестивалот во Карлови Вари, Чешка, спаѓа меѓу фестивалите од А категорија како што се и фестивалите во Кан, Берлин, Венеција и Сан Себастијан.
55 годишниот Малкович, кој е има хрватско потекло, кариерата ја започна во Chicago's Steppenwolf Theatre во 1976 година, а 8 години подоцна за прв пат се појавува и на големото платно со улогата во „Places in the Heart“ и заработува номинација за Оскар за најдобра машка споредна улога. Останатото е - историја.










