-->

Бред Пит градоначалник на Њу Орлеанс?

Жителите на Лузијана, на кои славниот пар Бранџелина им помогна во обновувањето на Њу Орлеанс, кој беше срушен од ураганот, го повикаа Бред Пит да се кандидира за градоначалник.

Изгледа дека Бред Пит влева сигурност и ветува подобра иднина, барем жителите на Лузијана имаат такво мислење.

Имено,откако Бред со својата драга Енџи, со значително високи финансиски средства помогна во обновата на Њу Орлеанс, кој беше зафатен од ураган, жителите го повикаа да се кандидира за градоначалник.

“Нам ни е потребна помош за да застанеме повторно на нозе.“- изјавил еден од жителите, кој верува дека токму Бред е човек кој може најмногу да им помогне во тоа.

Ако се огласи на кандидатурата, на Пит во тоа ќе му помогне фактот што тој и Енџи имаат изградено куќа во францускиот дел на Њу Орлеанс.

 

Copyright © 2009 selotejp.com