-->

Алкохолот „удира“ за шест минути

На алкохолот му требаат само шест минути за да започне да делува врз човековиот мозок. Овој факт, веројатно за повеќе од 6 минути го заклучиле неколку научници.

За прв пат научниците ги потврдија брзите промени кои алкохолот ги создава во човековиот мозок, бидејќи минатите тестови на оваа тематика се вршени врз животни.

Докажаа дека на алкохолот му требаат точно шест минути за да стигне до мозокот, односно точно толку време откако консументот ќе испие две чаши вино или три чаши пиво (што е еднакво на 0.5 промили алкохол во крвта) започнуваат да се случуваат промени во неговиот мозок.

До овој заклучок дојдоа научниците од Универзитетската болница во германскиот град Хајделберг, тестирајќи осум мажи и седум жени кои испиле по некоја чашка и легнале под MRI скенер на мозокот. Целта било количината на алкохолот во крвта да ја постигне границата од 0.5 промили, која како што веќе се сетија сите кои некогаш платиле казна, е границата после која човекот не би смеел да седне зад волан, но не е сериозно алкохолизиран.

Со помош на скенерот научниците ги набљудувале ситните промени на мозокот кои следеле точно после шест минути. Интересно е дека минутажата за која ќе започне да ве „здрвува“ е еднаква како за мажите, така и за жените.

 

Copyright © 2009 selotejp.com