-->

Освојте парче од Месечината

Имате несекојдневна прилика да станете сопственик на камче вредно отприлика илјада американски долари. Се што треба да направите е малку да го вклучите мозокот и да напишете една реченица.

Необичниот подарок го доделува угледниот магазин New Scientist по повод 40-годишнината од првото слетување на Месечината, а од вас се бара да смислите реченица која вие би ја рекле доколку би биле на местото на Нил Армстронг.

За потсетување, Армстронг при своето излегување на површината ан Месечината изговори: "Ова е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото", а вие обидете се да се досетите на нешто кое би било уште повеќе за памтење.

Не е задолжително да бидете сериозни, може да се послужите со хумор, за вашите предлози на англиски јазик (максимум до 75 знаци) испратете ги овде најдоцна до 29. јуни.

Победникот ќе биде прогласен на 18 јули.

 

Copyright © 2009 selotejp.com