-->

Фасцинантна снимка на НЛО над Мексико Сити

Неодамна на интернет се појавила фасцинантна снимка на НЛО над Мексико Сити, каде еден минувач Pedro Hernandez ја снимил со неговата камера и која е објавена на една локална телевизија.

На снимката се гледа НЛО со форма на сфера, каде во еден момент испушта цела низа на мали светливи сфери кои летаат околу него со правилна формација. Снимката е интересна и за оние кои не веруваат во приказните за НЛО, како и за оние кои не се сомневаат во нивното постоење и посетите на нашата планета.


Hernandez го забележал НЛО-то додека се возел со автобусот на 22 мај, така што го замолил возачот да го застане автобусот, за да може да го сними овој необичен небесен настан. Снимката од тогаш е прегледена дури 382.000 пати и е коментирана повеќе од 3200 пати.

Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com