-->

Мачките манипулираат

Знаеме што значи едноставен "мјау", преколнувачки поглед и мекиот допир на шепите. Но, се чини дека мачките имаат развиено уште подобар начин за да бидеме уште повеќе присутни во нивниот живот.

Научниците откриле како мачките на некој начин ги манипулираат своите сопственици благодарејќи на посебниот начин на кој предат, а човечкиот мозок тоа не може да го игнорира.

Навидум обичното предење, содржи потсвесни пораки како "нахрани ме" кои имаат елемент кој предизвикува чувство на итност, како детското плачење. До овој заклучок дошол истражувачкиот тим на чело со психологот др. Карен Мекомб, каде нејзиниот мачор Пепо постојано инсистирал со предење.

- Се прашувам зошто звучеше толку иритантно и беше толку тешко да го игнорираш. Разговарајќи со други сопственици на мачки, открив дека и некои од нив имаат мачки кои покажуваат слично однесување, изјави др. Мекомб која побарала од сопствениците да ги снимат своите мачки каде предат додека се гладни и кога неодамна се нахранети. После тоа замолила 50 волонтери да го слушнат снименото предење и да кажат кое им е најиритантно, а тие се изјасниле дека најнеподносливо било тоа кога се гладни.

- Тоа предење е многу интензивно. Не го прави тоа секоја мачка, но се чини дека на таа карта играат оние кои имаат близок однос со своите сопственици. Тие така можат со часови, а тоа ве исцрпува, дошла до заклучок др. Карен и додаде дека гласното мјаукање може да го натера сопственикот да ја исфрли мачката од просторијата, но суптилното предење делува потсвесно така да мачката добива се што ќе посака.


Сподели                                                                                                                 [ 19-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com