-->

Андре Милер потпиша со Портланд

Доскорешниот играч на Филаделфија плејмејкерот Андре Милер кој ова лето постана слободен агент потпиша со тимот на Портланд.

Милер потпиша тригодишен договор вреден 21 милион долари. Плејот имаше можност да потпише уште една година со Филаделфија, но сепак Блејзерс беа тимот што можеа да си дозволат повеќе пари за него.

Андре е познат како човекот железо во НБА. Досега има одиграно 530 натпревари без да пропушти ниту еден. Во неговата кариера има пропуштено само три. Моментално е еден од најдобрите плејмејкери во НБА.

“Одвај чекам да се соочам со новиот предизвик. Знам дека Портланд можат да направат доста оваа сезона и јас сакам да бидам дел од тоа.“ - изјави Милер на прес-конференцијата.

Андре Милер пристигна во Филаделфија како дел од трејдот со Денвер. Тогаш Ајверсон премина кај Нагетс, а Милер се пресели во Филаделфија.

Лани имаше 16.3 поени и 6.5 асистенции по натпревар.

Портланд сезонава беа елиминирани во првата рунда од плеј-офот од тимот на Хјустон со 4 : 2.


Сподели                                                                                                                 [ 26-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com