Леденото кафе не е ниту малку наивен напиток во случај кога калориите ви се важни. Имено, во него, се кријат скоро четвртина од дневно препорачаните калории.Пијалокот кој го конзумираме за да се разбудиме, освежиме или прескокниме појадокот може да содржи еднаков број на калории како и обилна вечера, предупреди Здружението за заштита од рак.



"Тоа е количина на калории која треба да ја очекувате во вечерниот оброк, а не во напитокот", кажува др. Рејчел Томпсон од Здружението: "Податокот дека леденото кафе кое се нуди на пазарот содржи повеќе од една четвртина од препорачаните дневни хранливи вредности е навистина алармантен. Затоа, ако пиете кафе, нека биде без шеќер и со обрано млеко бидејќи содржи помалку калории"
Сподели [ 28-07-2009 ]










