-->

Косата на Мајкл Џексон ќе биде претворена во дијаманти

Прамен од косата на Мајкл Џексон со посебна постапка ќе биде претворена во низа дијаманти за која се очекува вртоглава цена. Компанијата која се занимава со претворање на луѓе во дијаманти, косата ја добила од ...

... продуцентот на спотот за Пепси рекламата во 1984 год. во која Џексон поради пиротехничкиот инцидент му изгоре пола глава.

Американската компанија LifeGem објавила дека откупила прамен коса од продуцентот за реклами за Пепси, за чие снимање, пред 35 години, косата на Мајкл Џексон се претвори во оган.

Од компанијата објаснуваат дека со посебна постапка извлекуваат јаглерод од органските остатоци, со кои под голем притисок и топлина го претвораат во дијаманти.

Веќе го направивме истото со остатоци од косата на Лудвиг ван Бетовен, наведуваат од LifeGem.

Цената која ја плаќаат роднините за "дијамантизација" на своите најдраги се движи од 2500 па до 16.000 евра, а за Џеко очекуваат дека ќе постигнат далеку поголема цена.

На аукциите ширум светот наскоро се очекуваат повеќе работи во сопственост на преминатиот крал на попот. Белата нараквица која ја носеше на турнејата Victory 1984 без проблем ќе го премини износот од 100.000 фунти, кажуваат специјалисти.

Погледнете го видеото кога изгоре косата на Џексон:




Сподели                                                                                                                 [ 28-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com