-->

Пронајдено бебе вонземјанин во Мексико

Од Мексико доаѓа уште еден интересен случај, кој сигурно ќе предизвика љубопитност и оние кои веруваат во вонземски живот, но и оние кои се скептични во тој поглед.

Имено, на оваа видео снимка се гледа суштество кое што повеќе личи на нешто што не доаѓа од нашата планета, а дали станува збор за автентично суштество или многу елаборирана измама - пресудете сами.


Случајот на наоѓање на мртво бебе вонземјанин го пренесе и мексиканската телевизија, наведувајќи дека е најдено во замка за животни. Jaime Maussane, ТВ ѕвезда и уфолог, на своето шоу прикажувајќи ги сликите од тоа суштество на јавноста, додавајќи дека тој верува дека се работи за автентичен вонземски вид, а не за измама.

За ова спектакуларно откритие, Maussane научил од фармерите во оддалечените делови на Мексико, а пронајденото суштество го даде на тестови - ДНК анализа и магнетна резонанца.

Фармерите кои го пронајдоа суштеството, му рекле дека во моментот кога го пронашле било живо и дека многу гласно вриштело пред да умре. Резултатите од тестирањето покажуваат дека овој вид не постои на Земјата, пишува "Билд".

Иако малото суштество покажува карактеристики на гуштер, тоа покажува и некои карактеристики на човечкиот вид. Мозокот на суштеството е доста голем, посебно во задниот дел на черепот, кој е, на пример, одговорен за учењето и меморијата кај луѓето. Научниците врз таа основа заклучиле дека се работи за многу интелигентен вид.


                                                                                              [ 25-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com